СОК - Кратка Историја

Кратка Историја


      Kурт Хан е германски едукатор кој што прв ја воведува идејата за Светските Обединети Колеџи (СОК) Тој веруваше дека многу може да се направи за да се надминат религиските, културните и рационалните недоразбирања и да се избегне конфликт, ако млади луѓе од целиот свет се соберат заедно. Сметаше дека ученици на возраст од 16 до 18 години се доволно поврзани со нивните култури но сепак и отворени кон нови влијанија за да учат еден од друг.

      Првиот Светски Обединет Колеџ СОК на Атлантикот е отворен во 1962 година. Денес има тринаесет Светски Обединети Колеџи кои се распространети на 5 континенти. Скоро 40 000 ученици од 180 различни земји учеле во СОК и постојат преку 120 национални комитети.

      Во проблематичниот свет на 21 век, целите и објективите на СОК се исто толку важни како што беа и во 1962 година - можеби и повеќе.


1962 - СОК на Атлантикот се отвора во Јужен Велс и беше именуван како „највозбудливиот експеримент во образованието посе втората светска војна“.


1967 - Лорд Моунтбатен станува претседател на организацијата и движењето е наречено Светски Обединети Колеџи.


1971 – Интернационалното училиште во Сингапур беше официјално отворено како соработник на Светските Обединети Колеџи.


1974 - Пирсон Светски Обединет Колеџ е отворен. Лестер Б. Пирсон, поранешен премиер на Канада и добитник на Нобеловата награда за мир е инспирација за отварањето на колеџот.


1978 – Принцот на Велс станува претседател на СОК.


1970 – Зголемен број на Национални комитети постигнаа договор за отварање на СОК во нивните земји и избирање студенти за истите.


1975 - Интернационалното училиште во Сингапур станува целосен член на СОК движењето и е официјално преименувано во СОК Југо-Источна Азија.


1981 - Ватерфорд Камлаба училиште во Свазиленд, отворено во 1963 година како мулти културно училиште, станува целосен член на СОК.


1982 - Светскиот Обединет Колеџ во САД во Ново Мексико,САД и СОК на Јадранот близу Трст во Италија се отворени.


1988 –Принцот на Велс и агрономистот Др. Луис Маркано Коело играат клучна улога во отварањето на Симон Боливар Светски Обединет Колеџ во Венецуела.


1992 - Ли По Чун Светски Обединет Колеџ во Хонг-Конг е отворен.


1995 –Нур, Кралицата на Јордан и Нелсон Мендела станаа претседатели. Нордискиот Светски Обединет Колеџ во Норвешка е отворен, заедно со Црвениот крст и осумтте нордиски Влади.


1997 - Махиндра Светски Обединет Колеџ во Пуне е отворен.


1999 - Нелсон Мандела станува почесен претседател на UWC.


2006 - Светскиот Обединет Колеџ во Коста Рика и Светскиот Обединет Колеџ во Мостар се отворени.


2009 - Светскиот Обединет Колеџ во Мастрихт е отворен.