|
Процес на избирање Процесот на избирање се состои од 3 фази коишто имаат за цел да го проценат не само академскиот потенцијал на кандидадот, туку и неговата/нејзината ментална и психичка подготвеност за Светските Обединети Колеџи. Во првата фаза, учениците испраќаат пополнети пријави коишто се состојат од основни податоци и 2 состава. Првиот состав мора да биде напишан на македонски јазик, на дадена тема од македонското секојдневие. Преку овој состав, се оценува познавањето на настаните од земјата каде што живее, како и културите, навиките и однесувањата на жителите на Р. Македонија. Учениците коишто ќе покажат јасно издефиниран личен став, ќе добијат највисоки поени. Вториот состав ќе биде на дадена тема од светската политичка и/или културна сцена, а со цел да се процени свеста на ученикот за настаните во светот. Учениците коишто ќе покажат јасно издефиниран личен став, ќе добијат највисоки поени. Секој есеј ќе биде индивидуално и анонимно оценет од 2 члена на Комитетот според однапред утврдени критериуми. Секој од оценувачите дава оценка од 1 до 10. Останатиот дел од пријавата се оценува по истиот принцип. Зависно од бројот на пријавени кандидати и бројот на стипендии, сите ученици коишто ќе добијат просек од 6-8 или повисок од сите 3 дела, продолжуваат во втората фаза. Втората фаза од процесот на избирање се состои од интервјуа каде што учениците имаат получасовен разговор со одреден број на членови на Комитетот. Темите на разговорот се најразлични, а служат за што подобро запознавање на кандидатот. По интервјуата, членовите на Комитетот се состануваат за да донесат одлука. Откако ќе се донесе одлука, се пристапува кон последниот дел од процесот на избирање. Се повикуваат родителите/старателите на избраните ученици на разговор во кој се запознаваат со сите поединости на договорот во којшто стапуваат самите тие и нивните деца. Им се објаснува финансискиот, академскиот и социјалниот аспект на стипендијата, колеџите и движењето на Светските Обединети Колеџи. Дури потоа, се потпишува договорот. Откако ќе заминат за Колеџите, започнува 2-годишниот период на подршка на избраните кандидати. Комитетот се обврзува да биде, не само телото коешто ги избира учениците, туку и институцијата која што ги подржува на сите начини на кои може во текот на нивното учење.
|
|
» Почетна
» Кратка Историја » Критериуми » Мисија и Вредности » Процес на избирање » За Нас » Контакт |
|
Home | Who we are | What we do | Our Colleges | UWC life | How to apply | Get involved | Contact | Sitemap | Member login
2009 United World Colleges (International). The design, coding and content on this website cannot be used elsewhere without prior written permission. The United World Colleges (International), 17-21 Emerald Street, London, WC1N 3QN, United Kingdom, is a company registered in England and Wales and Limited by Guarantee, No. 908758. Registered Charity No. 313690.Terms & Conditions | Privacy |