СОК - За Нас

За Нас


      Повеќе од сон, повеќе од замисла

       Светските Обединети Колеџи е единствената меѓународна организација која што образува ученици од сите краишта на светот, внимателно одберени преку нивните Национални Комитети, земајќи го во предвид нивниот академски успех и потенцијал, без разлика на финансиската состојба. Овие ученици живеат и учат заедно во еден од 13-те колеџи низ целиот свет, а ја следат најпрестижната подготвителна програма за понатамошни додипломски студии, Меѓународната Матура, или во светот попозната како International Baccalaureate (IB). (www.ibo.org).


      Денес, просечно 70 националности се застапени во Колеџите, уште повеќе посочувајќи ја важноста за прифаќање на нови, различни култури. Пристапот на работа и воопшто, целата атмосфера им става до знаење на сите ученици дека академскиот дел е исто толку важен колку и социјализацијата.


      Македонскиот Национален Комитет е реконструиран 2010 година според вредностите и начелата на движењето на Светските Обединети Колеџи. Составен од поранешни ученици, волонтери и лица од образованието, Комитетот на Р. Македонија се обврзува на фер и транспарентен изборен процес на учениците, како и застапување на Светските Обединети Колеџи на територијата на Р. Македонија.


       Раководниот тим на Комитетот го сочинуваат:


      1. Ивана Јордановска (претседател)


      2. Стефан Ангелевски (потпретседател)


      3. Ана Андоновска (секретар)


       Светските Обединети Колеџи создаваат образование коешто ги обединува луќето, нациите и културите за остварување на мир и одржлива иднина.